ГРЦИТЕ НАД 60 ГОДИНИ КОИ НЕМА ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ДО НЕДЕЛА ЌЕ ПЛАЌААТ КАЗНА ОД 100 ЕВРА МЕСЕЧНО

    ГРЦИТЕ НАД 60 ГОДИНИ КОИ НЕМА ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ДО НЕДЕЛА ЌЕ ПЛАЌААТ КАЗНА ОД 100 ЕВРА МЕСЕЧНООд казна ќе бидат поштедени само оние кои добиле медицинско изземање од вакцинирањето (Фото: АП)

    Казна од 100 евра месечно ќе се воведе следната недела во Грција за сите граѓани над 60 години кои нема да се вакцинираат против ковид-19 до недела, кажа министерот за здравство Танос Плеврис.

    Тој појасни дека ќе бидат поштедени само оние кои се пријавиле за изземање од вакцинирањето од медицински причини, а нивното барање е прифатено или сè уште се разгледува. Според генералниот секретар на Агенцијата за примарно здравство Мариос Темистоклеус, крајно ретко е да постои медицинска причина за невакцинирањето.

    „И ако некои имаат контраиндикација на еден тип вакцина, тие можат да се вакцинираат со друг тип“, кажа тој.

    Откако беше најавено задолжителното вакцинирање, повеќе од 180.000 луѓе над 60 години се пријавиле за првата доза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира