ГРУЗИСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СТАВИ ВЕТО НА ЗАКОНОТ СО КОЈ НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ И МЕДИУМИ ЌЕ БИДАТ ОЗНАЧЕНИ КАКО СТРАНСКИ АГЕНТИ

    ГРУЗИСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СТАВИ ВЕТО НА ЗАКОНОТ СО КОЈ НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ И МЕДИУМИ ЌЕ БИДАТ ОЗНАЧЕНИ КАКО СТРАНСКИ АГЕНТИЗаконот е копија на руски закон од 2012 година. - Грузиската претседателка Саломе Зурабичвил (Фото: Грузиски претседателски кабинет)

    Грузиската претседателка Саломе Зурабичвил стави на вето на законот за „странски агенти“ кој ја подели земјата, и апелираше до владата да не го носи повторно законот за кој таа смета дека е руски во суштина.

    Владејачката партија Сон има доволно гласови во парламентот да го донесе законот и покрај претседателското вето.

    „Денеска ставив вето на руски закон. Ова е руски закон во суштина“, кажа претседателката.

    „Законот не е во согласност со нашиот устав и со сите европски стандарди, затоа претставува пречка на нашиот европски пат“, додаде таа,

    Според законот за транспарентност на странско влијание, кој беше усвоен од грузискиот парламент во вторникот, невладините организации и медиумите кои добиваат над 20% од приходите од странство ќе бидат обврзани да се регистрираат како „организации кои им служат на интересите на странска сила“.

    Носењето на законот предизвика масовни протести во земјата и стотици илјади граѓани излегоа на улиците, со обвинувања дека владата се обидува да ги замолчи критичарите. Законот е копија на руски закон од 2012 година.

    ЕУ вели дека законот ќе биде пречка за земјата да му пристапи на блокот, додека САД предупреди дека законот и владината антизападна реторика ја претвораат Грузија во „непријател“ и дека може да ја прекине економската и воената помош за земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира