Владеачката партија на премиерот Мило Ѓукановиќ освои најмногу гласови на парламентарните избори во Црна Гора, но недоволно за сама да формира влада и да го осигура патот на земјата во НАТО и другите западни институции.
Независната група за следење на изборите ЦеМИ соопшти дека по пребројани 100% од гласовите, Демoкратската партија на социјалистите освои 41%, додека двете опозициски партии, Демократски фронт и Коалиција Клуч освоија 29% и 11%. И владеачката партија и опозицијата тврдат дека имаат доволно пратеници за да ја формираат идната влада, но ќе имаат тешка задача да состават коалиција со помалите партии што влегоа во парламентот со 81 место. Исходот на постизборните преговори ќе одреди дали земјата ќе продолжи на прозападниот курс или ќе сврти кон традиционалниот сојузник Русија.