ЃУКАНОВИЌ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, НО БЕЗ МНОЗИНСТВО ДА ФОРМИРА ВЛАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Подгорица,(АП)

    ЃУКАНОВИЌ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, НО БЕЗ МНОЗИНСТВО ДА ФОРМИРА ВЛАДА

    Владеачката партија на премиерот Мило Ѓукановиќ освои најмногу гласови на парламентарните избори во Црна Гора, но недоволно за сама да формира влада и да го осигура патот на земјата во НАТО и другите западни институции.

    Независната група за следење на изборите ЦеМИ соопшти дека по пребројани 100% од гласовите, Демoкратската партија на социјалистите освои 41%, додека двете опозициски партии, Демократски фронт и Коалиција Клуч освоија 29% и 11%. И владеачката партија и опозицијата тврдат дека имаат доволно пратеници за да ја формираат идната влада, но ќе имаат тешка задача да состават коалиција со помалите партии што влегоа во парламентот со 81 место. Исходот на постизборните преговори ќе одреди дали земјата ќе продолжи на прозападниот курс или ќе сврти кон традиционалниот сојузник Русија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира