ЃУКАНОВИЌ СЕ ПОВЛЕКУВА ПО 25 ГОДИНИ НА ВЛАСТ ВО ЦРНА ГОРА

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Подгорица,(АП)

    ЃУКАНОВИЌ СЕ ПОВЛЕКУВА ПО 25 ГОДИНИ НА ВЛАСТ ВО ЦРНА ГОРА

    Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ ќе се повлече откако владееше неприкосновено 25 години, а неговата Демократска партија на социјалистите го именуваше неговиот заменик Душко Марковиќ како потенцијален наследник.

    Ѓукановиќ, кој ја предводеше малата балканска нација до независност од Србија во 2006 година, во минатото двапати поднесуваше оставка, но се враќаше како премиер или како претседател. Тој имаше 29 години кога стана најмлад премиер во Европа во 1991 година. Беше избран за претседател во 1998 година, пред повторно да се врати на премиерската функција во 2002 година и е најдолговечниот лидер на Балканот. ДПС освои најмногу места во црногорскиот парламент на изборите на 16 октомври, но ќе мора да прави коалиција за да остане на власт.

    Владејачката партија не ги откри причините за неговото повлекување од премиерската позиција, но потврдија дека останува лидер на партијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира