ХАКИРАНИ ПРОФИЛИТЕ НА 50 МИЛИОНИ КОРИСНИЦИ НА ФЕЈСБУК

    ХАКИРАНИ ПРОФИЛИТЕ НА 50 МИЛИОНИ КОРИСНИЦИ НА ФЕЈСБУКОд корисниците кои биле изложени на хакерскиот напад, денеска било побарано повторно да се логираат (Фото: Ројтерс)

    Фејсбук објави дека речиси 50 милиони корисници биле изложени на хакерски напад. Компанијата објави дека напаѓачите успеале да ја искористат ранливоста на функцијата позната како „Види како“, за да добијат контрола врз профилите на корисниците.

    „Прекршокот беше откриен во вторникот и за тоа беше известена полицијата“, соопшти Фејсбук.

    Од корисниците кои биле изложени на хакерскиот напад, денеска било побарано повторно да се логираат.

    Упадот беше поправен, напиша на Фејсбук шефот за безбедност, Гај Розен, додавајќи дека сите загрозени профили биле ресетирани, како и профилите на други 40 милиони корисници, како мерка на претпазливост.

    Фејсбук месечно има повеќе од 2 милијарди активни корисници.

    Компанијата не сакаше да објави од кој дел на светот се 50-те милиони корисници, но кажа дека ги информирала одговорните на европското претставништво на Фејсбук, кое е сместено во Ирска.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари