ХАМАС ПОЧНА ВОЈНА, ОБЈАВИ ИЗРАЕЛ И ВОЗВРАТИ СО ВОЗДУШНИ НАПАДИ НА ГАЗА

    ХАМАС ПОЧНА ВОЈНА, ОБЈАВИ ИЗРАЕЛ И ВОЗВРАТИ СО ВОЗДУШНИ НАПАДИ НА ГАЗАВоената операција на Хамас почна со испукувањето на десетици ракети од појасот Газа (Фото: АП)

    Израел прогласи состојба на воена подготвеност откако Хамас денеска изврши изненадувачки ракетен напад на земјата, а неговите милитанти ја преминаа границата. Министерството за одбрана објави дека Хамас почнал војна и одобри повикување воени резервисти.

    Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека изведуваат воздушни напади на Газа како одмазда за денешните ракетни удари.

    Хамас направи кобна грешка ова утро, лансирајќи војна против државата Израел. Ќе плати висока цена за тоа. Трупите на ИДФ се борат против непријателот на сите локации. Израел ќе победи во оваа војна“, изјави министерот за одбрана Јоав Галант.

    Воената операција на Хамас почна со испукувањето на десетици ракети од појасот Газа, по што беше објавено дека неговите милитанти упаднале на територијата на Израел. Воениот заповедник на Хамас, Мохамад Деиф, кажа дека утрово биле испукани над 5.000 проектили кон Израел, означувајќи го почетокот на операцијата „Бурата Ал-Акса“.

    Одлучивме да кажеме дека е доста. Веќе го имавме предупредено непријателот. Окупацијата резултираше со стотици масакрирани цивили. Стотици маченици починаа оваа година во злосторствата на окупацијата. Го објавуваме почетокот на операцијата ‘Бурата Ал-Акса‘. Во првиот напад, чија цел беа непријателски позиции, аеродроми и воени утврди, беа испукани над 5.000 ракети и гранати“, соопшти Деиф.

    Досега е потврдено дека загинала една жена, но во болниците се примаат десетици повредени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира