Принцот Хари, неговата сопруга Меган Маркл и нејзината мајка биле вклучени во „речиси катастрофална“ сообраќајна несреќа додека бегале од папараци, изјави портпаролот на кралската двојка. Инцидентот се случил откако војводата и војвотката од Сасекс присуствувале на церемонија на доделување награди во Њујорк.
Портпаролот кажа дека „безмилосната потера“ траела повеќе од два часа, што за малку не резултирало со судир со повеќе возила, пешаци и полицајци.
„Иако да се биде јавна личност доаѓа со извесен интерес на јавноста, тоа никогаш не би требало да биде по цена на нечија безбедност“, изјави портпаролот на двојката.
Полицијата на Њујорк не потврди веднаш дека има сознанија за инцидентот, во кој немало повредени и уапсени.
Хари и Меган присуствувале на доделувањето на наградите на фондацијата Жени со визија во Менхетн и биле придружувани од нејзината мајка Дорија Регленд. Во бркотницата по Хари и Меган наводно учествувале повеќе од пет возила, при што имало поминување на црвено светло, возење по тротоар и опасни маневри.