ХАРИ ВЕЌЕ НЕ Е ПРИНЦ, СО МЕГАН ЌЕ ВРАТАТ 2.4 МИЛИОНИ ФУНТИ НА ДРЖАВАТА

    ХАРИ ВЕЌЕ НЕ Е ПРИНЦ, СО МЕГАН ЌЕ ВРАТАТ 2.4 МИЛИОНИ ФУНТИ НА ДРЖАВАТАДвојката повеќе нема официјално да ја претставува кралицата Елизабета Втора. (Фото: Ројтерс )

    Принцот Хари и неговата сопруга Меган веќе нема да ги користат нивните кралски титули, односно нема веќе да им се обраќаат со нивното кралско височество и нема да добиваат државни пари за нивните кралски обврски, соопшти Бакингамската палата. Двојката повеќе нема официјално да ја претставува кралицата Елизабета Втора.

    Во соопштението стои дека војводата и војвотката од Сасекс ќе вратат 2.4 милиони фунти, државни пари кои беа искористени за обнова на замокот Фрогмор, кој сепак ќе остане нивен семеен дом во Велика Британија.
    Палатата вели дека измените ќе стапат во сила напролет.

    Соопштението следи откако повозрасните членови на кралското семејство во понеделникот разговараа за идните функции на двојката, која на почетокот на месецов објави дека сакаат да се повлечат од кралското семејство.

    „Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат сакани членови на моето семејство. Ги почитувам сите предизвици со кои се соочија изминативе две години и ја почитувам нивната желба за понезависен живот. Сакам да им се заблагодарам за нивната посветена работа низ целата земја, и сум особено горда за тоа како Меган толку се поврза со нашето семејство“, вели кралицата Елизабета Втора.

    Палатата соопшти дека нема да коментира за тоа какви безбедносни мерки ќе бидат преземени за Хари и Меган.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира