Хилари Клинтон објави дека нема да се кандидира за претседател во 2020 година, откако на претходните избори доживеа шокантен пораз од Доналд Трамп.
„Нема да влезам во трката, но ќе продолжам да работам, зборувам и да се залагам за она во што верувам“, изјави Клинтон.
Како кандидатка на Демократите, се очекуваше Хилари Клинтон да стане прва американска претседателка, но загуби од Трамп во 2016.
„Не верувам дека во иднина ќе се борам за некоја јавна функција. Зборував со сите демократски кандидати за претседател и им кажав ништо да не земаат здраво за готово“, кажа Клинтон во своето прво интервју откако се појавија шпекулации дека повторно би можела да се кандидира.
Неколку жени веќе најавија дека сакаат да го предизвикаат Трамп, како Елизабет Ворен, Камала Харис, Ејми Клобучар и Кирстен Гилибренд.