ХОЛАНДИЈА Е 10% ОДГОВОРНА ЗА МАСАКРОТ ВО СРЕБРЕНИЦА, ОДЛУЧИ ВРХОВНИОТ СУД

    ХОЛАНДИЈА Е 10% ОДГОВОРНА ЗА МАСАКРОТ ВО СРЕБРЕНИЦА, ОДЛУЧИ ВРХОВНИОТ СУДОколу 8.000 муслимани се убиени во Сребреница во 1995, што тогаш ја обезбедуваа холандски војници (Фото: АП)

    Врховниот суд на Холандија ја потврди пресудата дека државата е делумно одговорна за 350 убиства во Сребреница за време на војната во БиХ.

    Судот пресуди дека Холандија има 10% одговорност, бидејќи нејзините војници можеле да го спречат масакрот од 1995 година, што го изврши војската на босанските Срби, убивајќи 8.000 муслимански мажи. Во тоа време, холандските војници ја чуваа безбедносната зона воспоставена од Обединети нации.

    Извештајот за улогата на Холандија во масакрот во Сребреница ја принуди тамошната влада на оставка во 2002 година.

    Според претходна судска одлука, Холандија имаше 30% одговорност за масакрот, но Врховниот суд сега драстично ја редуцираше бројката.

    Илјадници муслимани побараа прибежиште во Сребреница, но слабо вооружените мировни сили попуштија пред налетот на босанските Срби, кои потоа избркаа стотици мажи од базата.

    „Доколку холандските војници им дозволија на мажите да останат во градот, ќе имаше само 10% шанси тие да паднат во српските раце и затоа холандската држава има толкава одговорност“, се вели во изјавата на судот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира