ХОЛАНДИЈА ЈА ЗАПРЕ ИМУНИЗАЦИЈАТА НА ЛИЦАТА ПОД 60 ГОДИНИ СО „АСТРАЗЕНЕКА“ ПО СМРТТА НА ЕДНА ЖЕНА

    ХОЛАНДИЈА ЈА ЗАПРЕ ИМУНИЗАЦИЈАТА НА ЛИЦАТА ПОД 60 ГОДИНИ СО „АСТРАЗЕНЕКА“ ПО СМРТТА НА ЕДНА ЖЕНАХоландија регистрирала пет случаи на згрутчување на крвта по вакцинирањето (Фото: АП)

    Холандската влада објави дека привремено ја запира имунизацијата на лицата под 60 години со ковид вакцината на „АстраЗенека“ откако кај мал број луѓе се развил редок облик на тромбоза. Националната новинска агенција АНП објави дека една жена починала.

    Организација која ги следи несаканите ефекти на вакцините кажа дека добила извештај за пет случаи на згрутчување на крвта. Сите се случиле од седум до десет по вакцинирањето и сите биле жени на возраст од 25 до 65 години. До тој момент, околу 400.000 Холанѓани ја примиле вакцината на „АстраЗенека“.

    „Запирањето на вакцинирањето е мерка од претпазливост. Многу е важно овие извештаи да бидат целосно испитани“, изјави министерот за здравство Хуго де Јонге.

    Европската агенција за лекови вчера уште еднаш кажа дека нема докази дека оваа вакцина го зголемува ризикот од тромбоза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира