ХОЛАНДИЈА ПОВТОРНО ВОВЕДУВА ДЕЛУМЕН КАРАНТИН ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ БРОЈ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

    ХОЛАНДИЈА ПОВТОРНО ВОВЕДУВА ДЕЛУМЕН КАРАНТИН ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ БРОЈ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСБаровите, рестораните и несуштинските продавници ќе работат до 19 часот најмалку три недели (Фото: Дачњуз)

    Холандија е првата западноевропска земја која повторно ќе воведе делумен карантин, со цел да го спречи ширењето на коронавирусот, објави државниот медиумски сервис НОС, повикувајќи се на владини извори. Привремениот премиер Марк Руте ќе ја донесе конечната одлука денеска и ќе ги објави новите мерки во телевизиско обраќање попладнево.

    Според нив, баровите, рестораните и несуштинските продавници ќе работат до 19 часот најмалку три недели, почнувајќи од утре. Луѓето ќе се советуваат да работат од дома што е можно повеќе, а спортските натпревари ќе се играат пред празни трибини. Училиштата, кината и театрите засега остануваат отворени.

    Бројот на заразени во Холандија значително се зголеми откако на крајот на септември беше укината мерката за социјално дистанцирање. Вчера беа регистрирани околу 16.300 нови случаи на коронавирус, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.

    Нов карантин ќе значи драстичен пресврт во политиката на владата, која до пред еден месец веруваше дека поради високата стапка на вакцинирање, мерките дополнително ќе можат да се олеснат до крајот на годината. Околу 85% од холандското население е целосно вакцинирано против ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира