ХОЛАНЃАНИТЕ МУ ГО ДОВЕРИЈА ЧЕТВРТИОТ ПРЕМИЕРСКИ МАНДАТ НА МАРК РУТЕ

    ХОЛАНЃАНИТЕ МУ ГО ДОВЕРИЈА ЧЕТВРТИОТ ПРЕМИЕРСКИ МАНДАТ НА МАРК РУТЕРуте е еден од најдолговечните лидери во Европа (Фото: Гети)

    Досегашниот премиер Марк Руте прогласи убедлива победа на тридневните парламентарни избори во Холандија и вети дека четвртиот мандат ќе го искористи за да ја обнови земјата по пандемијата на коронавирусот.

    Излезните анкети велат дека неговата партија ВВД освоила 36 од 150-те места во холандскиот парламент, три повеќе во однос на претходните избори, а друг голем победник е уште една либерална партија, Д66, која ќе има 24 пратеници. Крајнодесничарската партија ПВВ освои 17 места.

    „Гласачите во Холандија ѝ дадоа на мојата партија огромна доверба. Главниот проблем во наредните години ќе биде како да ја обновиме земјата после коронавирусот. Имам енергија за уште десет години“, кажа Руте.

    Тој е еден од најдолговечните лидери во Европа, имајќи предвид дека првпат победи во 2010 година.

    И покрај пандемијата, излезноста беше многу висока – 82,6%.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира