ХРВАТСКА ЌЕ ИСПРАТИ ОРУЖЈЕ И ВОЕНА ОПРЕМА ВО УКРАИНА ОД 16,5 МИЛИОНИ ЕВРА

    ХРВАТСКА ЌЕ ИСПРАТИ ОРУЖЈЕ И ВОЕНА ОПРЕМА ВО УКРАИНА ОД 16,5 МИЛИОНИ ЕВРАПремиерот Пленковиќ кажа дека Украина ќе добие пешадиско оружје од Хрватска (Фото: Твитер)

    Хрватската влада донесе одлука за испраќање воена помош во Украина во вредност од 124 милиони куни (16,5 милиони евра). Премиерот Андреј Пленковиќ кажа дека помошта ќе се состои во заштитна опрема и пешадиско оружје.

    „Хрватскиот народ многу добро знае што значи да се брани татковината од агресор. За Хрватска нема дилеми, ние можеме да бидеме само на страната на демократската и суверена Украина. Ја повикуваме Русија да се врати на политиката на разум и дијалог. За разлика од нападот на Хрватска, кога меѓународната заедница не беше на нивото, сега сведочиме на единствена реакција на ЕУ, која ја научи грешката“, изјави Пленковиќ.

    Тој додаде дека Хрватска е подготвена да прими бегалци од Украина и ќе ги забрани руските авиони во својот воздушен простор.

    Европската Унија вчера објави дека првпат во својата историја ќе купува оружје за земја која е нападната, а помош во оружје одделно најавија Германија, Франција, Холандија, Шведска и Канада, додека Италија кажа дека ѝ префрлила 110 милиони евра на украинската влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира