ХРВАТСКА ЛЕТОВО ОДИ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

    ХРВАТСКА ЛЕТОВО ОДИ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИИзборите за хрватски Сабор најрано можат да се одржат на 21 јуни, кога ќе има избори и во Србија

    Хрватска ова лето ќе оди на парламентарни избори откако пратениците денеска го изгласаа распуштањето на Саборот.

    Датумот на изборите ќе го закаже претседателот Зоран Милановиќ, но според уставот, тие треба да се одржат во рок од 30 до 60 дена од распуштањето на Саборот. Тоа значи дека тие можат да се одржат во периодот од 21 јуни до 12 јули.

    Владејачкото мнозинство веќе го извести Милановиќ дека постојат четири можни термини за одржување на изборите, 21 и 28 јуни, односно 5 и 12 јули.

    Претходно, и Србија ги закажа парламентарните избори на 21 јуни.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира