ХРВАТСКА ВЛЕЗЕ ВО ШЕНГЕН ЗОНАТА, ВЕТО ЗА БУГАРИЈА И РОМАНИЈА

    ХРВАТСКА ВЛЕЗЕ ВО ШЕНГЕН ЗОНАТА, ВЕТО ЗА БУГАРИЈА И РОМАНИЈАШенгенското подрачје се прошири првпат по повеќе од десет години (Фото: АП)

    Хрватска стана 23. земја од Европската Унија која влезе во Шенген зоната, додека Австрија го блокираше пристапувањето на Романија и Бугарија. Холандија ја поддржа Романија, но стави вето за Бугарија.

    Хрватска доби едногласна поддршка на денешниот состанок на министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ во Брисел и ќе се придружи на Шенген зоната на 1 јануари 2023.

    Шенгенското подрачје се прошири првпат по повеќе од десет години. Министрите го потврдија членството на Хрватска“, објави чешкото претседателство на ЕУ.

    Холандија прва најави дека ќе ја блокира Бугарија поради корупција и организиран криминал во земјата. Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека „држави како Бугарија требаат наша помош“ и дека можеби ќе добијат нова шанса следната година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира