И АСТРАЗЕНЕКА ЌЕ ИСПОРАЧА ПОМАЛКУ ВАКЦИНИ ВО ЕУ ОД ПЛАНИРАНОТО

    И АСТРАЗЕНЕКА ЌЕ ИСПОРАЧА ПОМАЛКУ ВАКЦИНИ ВО ЕУ ОД ПЛАНИРАНОТОПортпаролот на „АстраЗенека“ потврди дека првичните испораки ќе бидат помали од планираното. (Фото: АстраЗенека)

    Веќе втор производител на вакцини против ковид-19 предупреди дека ќе има проблем со испораките во Европската унија. „АстраЗенека“ соопшти дека поради проблеми со производството, бројот на достапни дози на почетокот ќе биде помал од очекуваното. Ова доаѓа откако во неколку европски земји вакцинацијата се соочи со проблеми поради намалување на испораките од „Фајзер/Бионтек“.

    Официјално не е потврдено за колкаво намалување станува збор, но анонимен функционер на ЕУ за „Ројтерс“ изјави дека испораките ќе бидат намалени за 60%. „АстраЗенека“ требаше да испорача 80 милиони дози на 27 земји членки на ЕУ до март, но сега се очекува таа бројка да биде 31 милион, според функционерот.

    Вакцината на „АстраЗенека“, развиена со Универзитетот Оксфорд, сè уште не е одобрена од Европската агенција за лекови, но се очекува зелено светло до крајот на месецов.

    Портпаролот на „АстраЗенека“ потврди дека првичните испораки ќе бидат помали од планираното. Тоа, според него, се должи на намаленото производство во Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира