И ВАКЦИНИРАНИТЕ ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖАТ ДА НОСАТ МАСКА ЗАШТО ОСТАНУВААТ ПРЕНОСИТЕЛИ НА КОРОНАВИРУСОТ, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИТЕ

    И ВАКЦИНИРАНИТЕ ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖАТ ДА НОСАТ МАСКА ЗАШТО ОСТАНУВААТ ПРЕНОСИТЕЛИ НА КОРОНАВИРУСОТ, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИТЕВакцините штитат од ковид-19, но се знае колку штитат од ширењето на вирусот (Фото: Гети)

    Здравствените власти бараат од луѓето да продолжат да носат маска и да одржуваат социјална дистанца и откако ќе се вакцинираат. Ова би можело да звучи демотивирачки, зашто ако некој е вакциниран, нели тоа му дава заштита од ковид-19?

    Одговорот е сложен: големо мнозинство луѓе кои ќе се вакцинираат ќе бидат заштитени од болеста, но тие сѐ уште би можеле да бидат преносители на вирусот, иако не покажуваат никакви симптоми.

    „Знаеме дека вакцините штитат од ковид-19, но она што сѐ уште не го разбираме е дали штитат од ширењето на вирусот“, вели Ејвери Огаст, професорот по имунологија на Универзитетот Корнел.

    Ова се должи на тоа што коронавирусот може да го колонизира респираторниот тракт, иако систематските имунолошки клетки го штитат телото од ковид-19.

    Тоа функционира на следниот начин:

    • Вакцината против ковид-19 се вбризгува длабоко во ткивото.
    • Тоа го поттикнува телото да создава антитела кои систематски се борат против вирусот.
    • Некои од нив циркулираат до други делови од телото и нѐ штитат од сериозна болест.
    • Коронавирусот најчесто влегува во телото преку носните шуплини.
    • Научниците сѐ уште проучуваат дали телото произведува доволно антитела во носот за да се спречи ширењето на вирусот оттаму.
    • За тоа време, вирусот сепак ќе се обиде да се шири во други делови од телото, како респираторниот систем.
    • Систематските антитела веројатно ќе го убијат, па вакцинираното лице нема да развие симптоми, иако вирусот се размножува во носот.
    • Но, вакцинираните луѓе и натаму можат да носат доволно количество вирус во носот за да го шират при дишење или кивање.
    • Затоа и вакцинираните треба да носат маска и да држат дистанца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира