ИЛЈАДНИЦИ ЕВАКУИРАНИ ДОДЕКА СИДНЕЈ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈГОЛЕМАТА ПОПЛАВА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 60 ГОДИНИ

    ИЛЈАДНИЦИ ЕВАКУИРАНИ ДОДЕКА СИДНЕЈ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈГОЛЕМАТА ПОПЛАВА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 60 ГОДИНИНов Јужен Велс лани се бореше со суша и пожари, а сега со поплави (Фото: АП)

    Австралиските власти планираат евакуација на дополнителни илјадници луѓе од погодените предградија на Сиднеј, додека градот се подготвува за најголемата поплава во изминатите 60 години, бидејќи и за наредните денови се најавени поројни дождови.

    Тие во изминатите денови го покачија нивото на водата во реките во најнаселената сојузна држава Нов Јужен Велс, предизвикувајќи огромни штети и евакуација на 18.000 луѓе.

    „Мора добро да се подготвиме, ова ќе биде многу тешка недела. Досега нема загинати, што е вистинско чудо, имајќи предвид низ што поминуваме“, изјави премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан.

    (Фото: Ројтерс)

    Актуелните временски прилики во регионот се голема спротивност во однос на истиот период лани, кога властите се бореа со суша и катастрофални пожари.

    „Не знам дали некогаш во историјата на нашата држава имало вакви екстремни временски прилики“, додаде Береџиклијан.

    Австралиската метеоролошка агенција изјави дека во некои области паднале 900 милиметри дожд на квадратен метар, што е ретко видено. Реките околу Сиднеј достигнаа повисоко ниво отколку при катастрофалните поплави во 1961 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира