ИЛЈАДНИЦИ ЕВАКУРАНИ ВО ГОЛЕМИТЕ ПОЖАРИ ВО ПОРТУГАЛИЈА, ШПАНИЈА И ФРАНЦИЈА, НАД 300 ПОЧИНАТИ ОД ЖЕГАТА

    ИЛЈАДНИЦИ ЕВАКУРАНИ ВО ГОЛЕМИТЕ ПОЖАРИ ВО ПОРТУГАЛИЈА, ШПАНИЈА И ФРАНЦИЈА, НАД 300 ПОЧИНАТИ ОД ЖЕГАТАОд вторникот, температурите се искачија на 47 Целзиусови степени во Португалија и над 40 Целзиусови во Шпанија, а сушата во селата ги подгрева пожарите. (Фото: ЕПА)

    Илјадници пожарникари се борат со шумските пожари во Португалија, Шпанија и југозападна Франција, во топлотниот бран кој не покажува знаци на смирување. Во северниот дел на Португалија, пилот загина кога неговиот авион со водена бомба се урна во областа Фоз Коа, во близина на шпанската граница.

    Пожарите ги пустошат областите на францускиот регион Жиронд, каде што се евакуирани повеќе од 12.000 луѓе. Во јужна Шпанија, во близина на Коста дел Сол, околу 2.300 луѓе мораа да избегаат од шумскиот пожар што се шири во ридовите Мијас.

    Од вторникот, температурите се искачија на 47 Целзиусови степени во Португалија и над 40 Целзиусови во Шпанија, а сушата во селата ги подгрева пожарите. Повеќе од 300 луѓе починаа од жештините во двете земји, јавува шпанската новинска агенција Ефе.

    Пожарите уништија 30.000 хектари земја во Португалија, ајголемата површина од летото 2017, кога земјата претрпе разорни пожари во кои загинаа околу 100 луѓе. Зафатени се и други делови од Средоземјето. Во Италија, владата прогласи вонредна состојба во исушената долина По, најдолгата река во земјата на некои места е скоро како поток.

    Во Грција, пожарникарите се справуваат со пожарите во областа Фериза, околу 50 километри југоисточно од Атина, и во близина на Ретимно, на северниот брег на Крит. Седум села се евакуирани во близина на Ретимно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира