ИЛОН МАСК ТВРДИ ДЕКА ВО ИСТ ДЕН ИМАЛ ДВА ПОЗИТИВНИ, ПА ДВА НЕГАТИВНИ ТЕСТА ЗА КОВИД-19

    ИЛОН МАСК ТВРДИ ДЕКА ВО ИСТ ДЕН ИМАЛ ДВА ПОЗИТИВНИ, ПА ДВА НЕГАТИВНИ ТЕСТА ЗА КОВИД-19Маск кажа дека правел брзи антиген тестови (Фото: Гети)

    Извршниот шеф на „Тесла“ Илон Маск ја доведе во прашање веродостојноста на тестовите за ковид-19, тврдејќи дека во ист ден прво имал два позитивни, а потоа два негативни теста.

    Се случува некоја измама. Денеска бев тестиран за ковид-19 четири пати. Тестот двапати беше позитивен, а потоа двапати негативен. Иста машина, ист тест, иста болничарка“, напиша Маск на Твитер.

    Тој кажа дека правел брзи антиген тестови, а сега чекал резултати од ПЦР тестови од други лаборатории.

    Имам симптоми на типична настинка, ништо невообичаено досега“, вели Маск.

    Американската Агенција за храна и лекови овој месец ги извести лабораториите и здравствените институции дека лажни позитивни резултати може да се појават кај брзите антиген тестови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира