Индија денеска ја започна вакцинацијата против ковид-19. Први вакцината ќе ја примат здравствените работници, а како што кажа премиерот Наренда Моди, ќе бидат вакцинирани над 1,3 милијарди луѓе.
Милиони дози од двете одобрени вакцини „Коваксин“ и „Ковишилд“ се испратени низ целата земја. Премиерот Моди утрово кажа дека Индија е подготвена да ја спроведе масовната вакцинацијата на своето население, а за тоа изработена и е апликација која ќе го следи процесот и ќе гарантира дека никој нема да оставен невакциниран.
„Ја почнуваме најголемата вакцинација во светот и со тоа ја докажавме нашата способност за справување со пандемијата“, изјави премиерот Моди.
Индија е второто место во светот по бројот на заразени лица со ковид-19 после САД.