ИНДОНЕЗИЈА СТРАВУВА ДЕКА ЌЕ ИМА ИЛЈАДНИЦИ МРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ И ЦУНАМИТО

    ИНДОНЕЗИЈА СТРАВУВА ДЕКА ЌЕ ИМА ИЛЈАДНИЦИ МРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ И ЦУНАМИТОВоздушните снимки покажаа дека градот Палу е срамнет со земја (Фото: Ројтерс)

    Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди индонезискиот остров Сулавеси и во цунамито што уследи нагло порасна на најмалку 832, објавија властите.

    Тие додаваат дека настраданото подрачје е многу поголемо отколку што првично се мислеше и многу луѓе сè уште се заглавени под урнатините.

    Земјотресот бил со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала и иницираше цунами со бранови високи до три метри, при што најтешко беше погоден градот Палу. Десетици луѓе од овој град сè уште се водат како исчезнати. Голем број тела биле пронајдени на популарната плажа Талисе, кадешто требало да се одржи фестивал.

    Голема загриженост постои и за градот Донгала, кадешто сè уште не се познати вистинските размери на катастрофата. До овој град нема никаков пристап освен преку морето.

    Локалниот Црвен крст предвидува дека 1,6 милиони луѓе се погодени од земјотресот.

    „Ова е веќе трагедија, но може да биде уште полошо“, соопшти Црвениот крст.

    Според потпретседателот на Индонезија, Јусуф Кала, бројот на мртви би можел да биде илјадници.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари