ИРАН ГО ЗАТВОРИ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ И ГИ ОБВИНИ САД И ИЗРАЕЛ ДЕКА ГО КРШАТ ПРИМИРЈЕТО

    ИРАН ГО ЗАТВОРИ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ И ГИ ОБВИНИ САД И ИЗРАЕЛ ДЕКА ГО КРШАТ ПРИМИРЈЕТОИран го затвора Ормускиот Теснец, кој е од витално значење за глобалните испораки на нафта, поради континуираните израелски напади во Либан. (Фото: АП)

    Морнарицата на Иранската револуционерна гарда соопшти дека Ормускиот Теснец е затворен за сите бродови, поради прекршувањата на прекинот на огнот од САД и Израел. Иран го затвора Ормускиот Теснец, кој е од витално значење за глобалните испораки на нафта, поради континуираните израелски напади во Либан. Морнарицата издаде строго предупредување до сите бродови: „Не приближувајте се кон Ормускиот Теснец; во спротивно, вашата безбедност ќе биде загрозена.“

    Договорот – потпишан од САД и Иран претходно оваа недела – содржи 14 точки за ставање крај на војната. Ормускиот тТеснец е еден од најпрометните канали за превоз на нафта во светот низ кој минуваат околу 20% од светската нафта и течен природен гас.

    Висок ирански тим денеска замина за Швајцарија на разговори со САД, објавија иранските државни медиуми, додека потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, навести дека наскоро ќе тргне на состаноците за кои Пакистан соопшти дека ќе започнат на 21 јуни. Венс додаде дека американските преговарачи Џаред Кушнер и Стив Виткоф биле во Швајцарија „неколку часа, справувајќи се со некои од техничките елементи на овие преговори“. Иранската делегација ја предводи главниот преговарач Мохамед Багер Калибаф, а во неа учествува и министерот за надворешни работи Абас Аракчи, како и високи претставници на безбедносните служби, централната банка и нафтените компании, објавија иранските медиуми.

    Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, денеска изјави дека очекува наскоро да оди во Швајцарија на разговори со Иран, дури и откако беше објавено дека високата команда на Техеран изјавила дека ќе го затвори Ормутскиот Теснец. Иранската команда рече дека дека затворањето е „првиот чекор“ како одговор на она што го нарече кршење на обврските и предупреди дека ќе бидат преземени дополнителни мерки доколку продолжи „агресијата“.

    Изјавата на командата се појави откако Венс во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека е уверен оти прекинот на огнот договорен во договорот од 14 точки меѓу Вашингтон и Техеран ќе се почитува и дека не гледа докази дека Ормуз е затворен.

    Само пред неколку дена, САД и Иран се согласија на меморандум за разбирање што требаше да вклучува прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах, прекин на непријателствата меѓу Вашингтон и Техеран и повторно отворање на водниот пат. Но, прекинот на огнот меѓу Хезболах и Израел не се почитува, а израелската војска денеска ја обвини шиитската милиција за кршење на примирјето со испукување на повеќе од 50 проектили преку ноќ кон израелските сили што дејствуваат во јужен Либан. Во меѓувреме, бројни израелски воздушни напади убија многу луѓе во Либан, а либанските власти за цивилна одбрана соопштија дека пронашле 16 тела само во јужниот град Набатија, објавија денеска либанските медиуми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира