ИРАН НЕМА НИКОГАШ ДА ИМ СЕ ПОТЧИНИ НА САД, КАЖА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕЗЕШКИЈАН ОТКАКО ТРАМП СЕ ЗАКАНИ СО НЕГОВО УНИШТУВАЊЕ

    ИРАН НЕМА НИКОГАШ ДА ИМ СЕ ПОТЧИНИ НА САД, КАЖА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕЗЕШКИЈАН ОТКАКО ТРАМП СЕ ЗАКАНИ СО НЕГОВО УНИШТУВАЊЕПезешкијан ги бранеше воените акции на Иран како одбранбени (Фото: ДПА)

    Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави во Обединетите нации дека Иран никогаш нема да се предаде и да им се потчини на САД, еден ден откако Доналд Трамп од истата говорница се закани со уништување на Иран.

    Во својот говор, Пезешкијан ги бранеше воените акции на Иран како одбранбени и инсистираше на тоа дека Иран не се стреми кон нуклеарно оружје.

    Иран нема да се откаже од својата цивилна нуклеарна програма, но иранското нуклеарно прашање нема да се реши на бојно поле“, рече Пезешкијан.

    Иран денеска се закани дека ќе преземе мерки против своите соседи доколку тие ги почитуваат новите американски санкции, чија цел е приземјување на иранските цивилни авиони ширум светот. Вашингтон најави дека ќе воведе секундарни санкции против секоја земја која ќе дозволи ирански летови од утре. Мохсен Резаи, секретар на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, изјави дека Иран ќе се погрижи аеродромите во соседните земји да не можат да функционираат доколку тие ги прекинат иранските летови.

    Трамп мора да знае дека отпорот на иранскиот народ само ќе се засили пред санкциите, зголемениот притисок и зголеменото малтретирање. Секој договор мора да вклучува прекин на американската блокада на иранските бродови и пристаништа“, рече Пезешкијан.

    Годишниот собир на ОН во Њујорк им овозможи на иранските и американските претставници да ги одржат првите познати индиректни разговори откако во јули пропадна прекинот на огнот, при што иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи и американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер комуницираа преку посредници на маргините на настанот.

    Стив и Џаред имаа многу продуктивна средба со посредниците на Иран. Мислам дека постои голем замав за постигнување договор. Тоа е она што го слушаме од сите“, кажа Трамп, кој вчера најави дека договор со Иран ќе се склучи веднаш по меѓуизборите во САД во ноември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира