Доналд Трамп изјави дека „примирјето со Иран е на апарати за одржување во живот“, откако тој го отфрли иранскиот одговор на аамериканските предлози за завршување на војната како целосно неприфатливи.
Запрашан на настан во Белата куќа дали прекинот на огнот и натаму е во сила, Трамп одговори дека е неверојатно слаб.
„Би го нарекол најслаб во моментов откако го прочитав тоа ѓубре што ни го испратија. Дури и не го дочитав до крај“, кажа Трамп.
Се очекува Трамп да го искористи гостувањето во Кина оваа недела за да побара од Шји Џинпинг да го притисне Иран. Кина е најголемиот купувач на иранската сурова нафта.
САД и Иран остануваат оддалечени по голем број прашања. Трамп бара драстично намалување на иранската нуклеарна програма, додека Иран сака поограничен договор, со кој повторно би се отворил Ормускиот Теснец и би се укинала американската поморска блокада пред следни преговори.
„Нашето барање е легитимно: крај на војната, укинување на американските блокада и пиратерија и ослободување на иранските средства што беа неправедно замрзнати во банките поради притисок од САД. Безбеден премин низ Ормускиот Теснец и воспоставување безбедност во регионот и Либан беа други барања на Иран, што се смета за дарежлива и одговорна понуда“, рече портпаролот на министерството за надворешни работи, Есмаил Багеи.



