ПРОВЛАДИНИ ИРАНЦИ ИЗЛЕГОА НА КОНТРАПРОТЕСТИ ЗА ДА ГИ „РАЗОБЛИЧАТ СТРАНСКИТЕ ПЛАТЕНИЦИ“

    ПРОВЛАДИНИ ИРАНЦИ ИЗЛЕГОА НА КОНТРАПРОТЕСТИ ЗА ДА ГИ „РАЗОБЛИЧАТ СТРАНСКИТЕ ПЛАТЕНИЦИ“Контрадемонстрации често се организираат во Иран како реакција на протести против власта (Фото: АП)

    Провладини контрадемонстранти почнаа да маршираат низ Иран, во знак на солидарност со режимот, објави државната телевизија, во обид да се неутрализира она што власта го опиша како „дејствување на странски агитатори“.

    „Среда е денот кога луѓето ќе ги разобличат актуелните настани и платените демонстранти“, објави агенцијата „Фарс“.

    Снимките од иранската телевизија покажаа илјадници луѓе како се собираат на различни локации, држејќи ирански знамиња и рачно напишани пароли за поддршка на владата.

    Контрадемонстрации често се организираат во Иран како реакција на протести против власта.

    „Секој пат кога има демонстрации или нереди, следува одговор од провладини институции. Владата има свои следбеници и поддржувачи и затоа не е изненадување што тие ја користат оваа можност за да ѝ дадат поддршка“, вели новинарот на „ЛА тајмс Техеран’, Рамин Моштагим, додавајќи дека се намали бројот на демонстранти и полицајци на улиците на Техеран.

    Утринските провладини маршови се спротивност на протестите, кои почнуваа подоцна во денот и достигнуваа критична точка во вечерните часови. Според државната телевизија, досега има 21 загинат во протестите, кои почнаа во четвртокот и се проширија на десет града.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира