ИСЧЕЗНА РУСКИОТ ДОКТОР КОЈ ГО ЛЕКУВАШЕ НАВАЛНИ, НЕ СЕ ВРАТИЛ ОД ЛОВ

    ИСЧЕЗНА РУСКИОТ ДОКТОР КОЈ ГО ЛЕКУВАШЕ НАВАЛНИ, НЕ СЕ ВРАТИЛ ОД ЛОВДо пред неколку месеци, Мураховски раководеше со клиниката во Омск, каде што Навални, кој сега е во затвор, беше донесен откако му се слоши во авион минатиот август. (Фото: Комерсант)

    Неколку месеци откако најистакнатиот критичар на Кремљ Алексеј Навални беше отруен, рускиот доктор кој му овозможи да се лекува е пријавен за исчезнат. Александер Мураховски, кој во меѓувреме беше назначен за министер за здравство на сибирскиот регион Омск, не се вратил од лов во петокот, објави државната агенција ТАСС, цитирајќи полициски портпарол.

    Локалните власти претходно објавија за исчезнување на маж роден во 1971 година, без да објават детали. Според извештајот на ТАСС, биле побарани дополнителни полицајци за потрага.

    До пред неколку месеци, Мураковски раководеше со клиниката во Омск, каде што Навални, кој сега е во затвор, беше донесен откако му се слоши во авион минатиот август. Навални потоа беше пренесен на лекување во Германија и беше лекуван во болница во Берлин. Според тестовите од неколку лаборатории, тој бил отруен со нервниот гас Новичок.

    Мураховски тогаш кажа дека Навални не е отруен, туку се разболел од нарушување на метаболизмот. Навални го обвини дека ја фалсификувал дијагнозата и неговите поддржувачи го обвинуваат Мураховски дека го одложувал трансферот на Навални во Гермaнија во критичните моменти.

    Во ноември, тој беше унапреден во регионален министер за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира