ИСЧЕЗНА ШЕФОТ НА ИНТЕРПОЛ, МЕНГ ХОНГВЕИ, КИНЕСКИТЕ ВЛАСТИ МОЛЧАТ ЗОШТО ГО ПРИВЕЛЕ НА ИСПРАШУВАЊЕ

    ИСЧЕЗНА ШЕФОТ НА ИНТЕРПОЛ, МЕНГ ХОНГВЕИ, КИНЕСКИТЕ ВЛАСТИ МОЛЧАТ ЗОШТО ГО ПРИВЕЛЕ НА ИСПРАШУВАЊЕМенг Хонгвеи за последен пат бил виден на 25 септември, кога заминал за Кина (Фото: ЕПА)

    Франција отвори истрага за „загрижувачкото“ исчезнување на шефот на Интерпол, Менг Хонгвеи, додека во исто време, неговата сопруга е ставена под посебна заштита по примените закани.

    Семејството на Менг нема слушнато ништо за него откако тој го напуштил седиштето на Интерпол во Лион на 25 септември, кога заминал за Кина, велат официјални лица од меѓународната полициска агенција.

    „Тој не исчезнал во Франција“, изјави извор близок до истрагата.

    Весникот од Хонг Конг, „Саут Чајна морнинг пост“, објави дека 64-годишниот Менг бил приведен на испрашување во Кина, но нејасно е зошто бил под дисциплинска истрага. Кинеските власти засега немаат дадено коментар за мистериозниот случај.

    Француската полиција отвори истрага на пријава од сопругата на Менг. Во прв момент, таа изјавила дека нема контакт со него од 29 септември, по што францускиот министер за внатрешни работи го исправи датумот на 25 септември.

    „Продолжува комуникацијата со кинеските власти. Франција е загрижена за ситуацијата со Менг, но и поради заканите што неговата сопруга ги добила по телефон и на социјалните мрежи“, кажа министерот.

    Менг, кој е и заменик министер за јавна безбедност на Кина и висок член на Комунистичката партија, беше именуван за шеф на Интерпол во 2016 година, поради што протестираа групи за човекови права. Според Интерпол, тој има 40-годишно полициско искуство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира