ИСЛАМСКА ДРЖАВА ИЗБРА НОВ ЛИДЕР ПО СМРТТА НА АЛ-БАГДАДИ

    ИСЛАМСКА ДРЖАВА ИЗБРА НОВ ЛИДЕР ПО СМРТТА НА АЛ-БАГДАДИБагдади беше прогласен за калиф на Исламска држава во 2014 година (Фото: АП)

    Исламска држава ја потврди смртта на својот лидер Абу Бакр ал-Багдади и истовремено назначи негов наследник.

    Таа се огласи на сервисот за пораки Телеграм и објави дека за нов калиф е избран Абу Ибраим ал-Хашеми ал-Курајши, за кого има малку податоци. ИСИС ги повика своите следбеници да продолжат да дејствуваат по наредбите на Багдади.

    Американските специјалци го лоцираа Багдади во северозападна Сирија овој викенд и го нападнаа неговиот имот. Тој се разнесол со самоубиствен прслук откако се сокрил во тунел.

    Багдади беше прогласен за лидер на Исламска држава во 2014 година откако таа зазеде голема територија во Ирак и Сирија. ИСИС ја потврди и смртта на својот портпарол Абу ал-Асан ал-Мухаџир, кој се сметаше за потенцијален наследник на Багдади.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари