ИСЛАМСКА ДРЖАВА ЈА ПОТВРДИ СМРТТА НА СВОЈОТ ВТОР ЛИДЕР ОВАА ГОДИНА

    ИСЛАМСКА ДРЖАВА ЈА ПОТВРДИ СМРТТА НА СВОЈОТ ВТОР ЛИДЕР ОВАА ГОДИНАИСИС денес има меѓу 6.000 и 10.000 борци во Сирија и Ирак (Фото: АП)

    Џихадистичката група Исламска држава ја потврди смртта на својот последен лидер Абу ал-Хасан ал-Хашими ал-Курајши, додавајќи дека загинал во борбите со „непријателите на Господ“.

    Вашингтон објави дека тој бил убиен во борбите со бунтовничката група Слободна сириска армија во југозападна Сирија во средина на октомври, додавајќи дека американските сили не биле вклучени. Абу ал-Хасан стана лидер на ИСИС во март годинава, откако Абу Ибраим ал-Хашими ал-Курајши, кој го наследи Абу Бакр ал-Багдади, се самоуби при американски напад во северозападна Сирија.

    Портпаролот на Исламска држава кажа дека веќе избрале нов лидер, без да се наведат неговите име и националност. Малку беше познато за Абу ал-Хасан, кој ниеднаш не се огласи додека беше лидер.

    ИСИС своевремено држеше територија од 88.000 квадратни километри, што се протегаше од источен Ирак до западна Сирија. Се проценува дека денес има меѓу 6.000 и 10.000 борци во Сирија и Ирак, главно во рурални области и периодично изведува напади.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира