ИСПИВ ТРИ ЧАШИ ВОДА И ДОБРО СУМ, ИЗЈАВИ МЕРКЕЛ ОТКАКО БЕШЕ СНИМЕНА КАКО СЕ ТРЕСЕ

    ИСПИВ ТРИ ЧАШИ ВОДА И ДОБРО СУМ, ИЗЈАВИ МЕРКЕЛ ОТКАКО БЕШЕ СНИМЕНА КАКО СЕ ТРЕСЕУкраинскиот претседател Зеленски рече дека ќе ја спасеше Меркел доколку имаше потреба од тоа (Фото: Ројтерс)

    Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е добро откако вчера беше снимена како неконтролирано се тресе на пречекот на украинскиот претседател Зеленски во Берлин, објави „Дојче веле“ на македонски јазик.

    Меркел видно се мачеше да стои мирно покрај Зеленски додека армиски бенд ги свиреше химните на двете земји. Температурата во Берлин во тој момент беше околу 30 Целзиусови степени и Меркел подоцна кажа дека била дехидрирана.

    „Испив најмалку три чаши вода и сега сум добро“, изјави Меркел.

    Зеленски, кој е поранешен комичар, кажа дека ќе ја спасеше Меркел доколку имаше потреба од тоа.

    „Таа стоеше до мене и беше целосно безбедна“, рече тој на заедничката прес-конференција.

    Лекарите велат дека ова не значи дека Меркел има некаков здравствен проблем.

    „Тресењето само по себе не мора да предизвика загриженост. Информацијата дека ѝ било добро по испиени три чаши вода укажува на краткорочни проблеми со циркулацијата“, изјави заменик шефот на Одделот за итна помош во универзитетската клиника Хамбург-Епендорф, Александер Шулце.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира