ИСПРАЌАЊЕТО СОВЕТСКИ ТЕНКОВИ ВО УНГАРИЈА И ЧЕХОСЛОВАЧКА БЕШЕ ГРЕШКА, ВЕЛИ ПУТИН

    ИСПРАЌАЊЕТО СОВЕТСКИ ТЕНКОВИ ВО УНГАРИЈА И ЧЕХОСЛОВАЧКА БЕШЕ ГРЕШКА, ВЕЛИ ПУТИНПутин вели дека САД ја прават истата грешка како Советскиот Сојуз (Фото: Спутник)

    Владимир Путин изјави дека погрешна била одлуката на Советскиот Сојуз да испрати тенкови во Унгарија и Чехословачка за да разбие масовни протести за време на Студената војна.

    „Тоа беше грешка“, кажа Путин кога го прашаа дали Русија може да се смета за колонијална сила поради тоа што испрати тенкови во Будимпешта во 1956 и во Прага во 1968 година.

    „Не е во ред да се прави што било во надворешната политика што им штети на интересите на другите народи“, додаде Путин, повеќе од 18 месеци откако ја почна инвазијата на Украина, која прерасна во најголемата војна во Европа од Втората светска војна.

    Путин вели дека САД ја прават истата грешка како Советскиот Сојуз.

    „Вашингтон нема пријатели, само интереси“, рече тој за време на Источниот економски форум во Владивосток.

    Унгарското востание од 1956 година беше крваво скршено од советските трупи и тенкови, при што загинале најмалку 2.600 Унгарци. Дванаесет години подоцна, силите на Варшавски пакт предводени од СССР извршија инвазија на Чехословачка за да ја задушат Прашката пролет, при што биле убиени 137 Чеси и Словаци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира