Трилатералната средба на Доналд Трамп, Владимир Путин и Шји Џинпинг, најавена како историска, заврши по само еден час и 20 минути. Таа се одржа на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во кинескиот град Шенжен, откако претходно тројцата лидери имаа и билатерални разговори.
Американскиот тим веќе ја напуштил вилата Килин, каде што се одржа средбата и се очекува Трамп да се врати во САД во следните часови.
„Навистина создаваме историја. Соединетите Американски Држави, Русија и Кина се уникатно позиционирани да разговараат за тоа како да се намали бројот на нуклеарно оружје на Земјата и како да се намали ризикот од употреба на тоа оружје“, кажа Трамп
Кинескиот државен радиодифузер ЦЦТВ соопшти дека Шји им рекол на своите колеги оти смета дека нуклеарното оружје треба да биде забрането и уништено и повикал на изградба на свет без нуклеарно оружје.



