ИТАЛИЈА ГИ ЗАТВОРА КИНАТА, ТЕРЕТАНИТЕ И СТРОГО ПРЕПОРАЧА ДА НЕ СЕ ОДИ НА ГОСТИ

    ИТАЛИЈА ГИ ЗАТВОРА КИНАТА, ТЕРЕТАНИТЕ И СТРОГО ПРЕПОРАЧА ДА НЕ СЕ ОДИ НА ГОСТИKафулињата и рестораните низ Италија ќе бидат отворени до 18 часот, а потоа може да имаат само достава. (Фото: Ројтерс)

    Италијанскиот премиер Џузепе Конте денес потпиша нов пакет антикорона мерки, меѓу кои е и ограничувањето на работното време на кафулињата и рестораните до 18 часот. Одлуката на Конте исто така значи дека се затвораат кина, театри, фитнес-сали, базени, ски-центри, концертни сали, објекти за саеми и конференциски сали. Музеите остануваат отворени, но со ограничен број посетители.

    Речиси 75 отсто од учениците во средните училишта се префрлаат на онлајн настава, а Конте „строго препорачува жителите да не примаат дома гости и да ги избегнат сите непотребни патувања во странство“.

    Новите мерки стапуваат на сила в понеделник, сѐ до 24 ноември. Вчера Италија регистрираше рекордни 19.644 новозаболени од ковид-19, а дневната бројка на починати стигна до 151.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира