Италија ќе ги затвори сите училишта и универзитети сѐ до средината на месецов, како мерка против ширењето на коронавирусот низ Европа, објави агенцијата АНСА.
Агенцијата пренесува дека Владата ја донела одлуката по предлог на министерката за образование Лучија Ацолина, и дека официјално ќе биде соопштена во текот на денот.
Италијанската влада ги затвори образовните институции во критичните подрачја во северна Италија уште пред десетина дена, и затвори повеќе градови во епицентарот на заразата.
Последните информации се дека во Италија починале 79, а заразени се над 2.500 лица.