ИТАЛИЈА ЗАПЛЕНИ ЈАХТИ И ВИЛИ НА РУСКИ ОЛИГАРСИ ВРЕДНИ 140 МИЛИОНИ ЕВРА

    ИТАЛИЈА ЗАПЛЕНИ ЈАХТИ И ВИЛИ НА РУСКИ ОЛИГАРСИ ВРЕДНИ 140 МИЛИОНИ ЕВРАИ најбогатиот Русин Алексеј Мордашов остана без јахтата (Фото: Гети)

    Италијанската полиција заплени јахти и вили на руски државјани во вкупна вредност од 140 милиони евра.

    Меѓу нив е и јахтата на најбогатиот Русин Алексеј Мордашов, кој се најде на црната листа на ЕУ поради руската инвазија на Украина. Јахтата „Лејди М“, долга 65 метри, беше запленета во северното пристаниште Империја, заедно со луксузното пловило „Лена“ на уште еден руски милијардер Генади Тимченко. Вредноста на двете јахти изнесува вкупно 115 милиони евра.

    Мордашов, чие богатство се проценува на 27 милијарди долари, поседува вила од 66 милиони евра на островот Сардинија, но засега е непознато дали и таа ќе биде преземена од италијанските власти.

    Запленети се и вилите на бизнисменот Алишер Усманов на Сардинија и на ТВ-новинарот Владимир Соловјев на езерото Комо.

    И Германија и Франција деновиве запленија суперјахти на руски олигарси во рамките на санкциите за Русија, а запленување на имоти најавија и САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира