ИТАЛИЈАНСКАТА ВЛАДА САКА ДА ГО УКИНЕ КРИВИЧНОТО ДЕЛО ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА

    ИТАЛИЈАНСКАТА ВЛАДА САКА ДА ГО УКИНЕ КРИВИЧНОТО ДЕЛО ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБАМинистерот за правда Карло Нордио смета дека ова кривично дело е премногу нејасно (Фото: Шатерсток)

    Италијанските сенатори ќе расправаат за план предложен од десничарската влада кој предвидува декриминализирање на злоупотребата на службената положба, одлука која предизвика тензии во ЕУ и грижи за можно вклучување на мафијата во јавниот сектор. Ова кривично дело сега се казнува со најмногу четири години затвор.

    Според министерот за правда Карло Нордио, ова кривично дело е премногу нејасно и ги обесхрабрува локалните политичари и државните службеници да потпишуваат проекти поради стравувањата дека ќе завршат под истрага и ќе предизвикаат економска штета за граѓаните.

    „Укинувањето на ова кривично дело може да го зголеми ризикот од инфилтрација на мафијата во јавниот сектор. Бидејќи е сигурен дека нема да се соочи со кривичното дело злоупотреба на функцијата, еден градоначалник може да додели јавен проект на роднина, пријател, па дури и на пријател од мафијата“, вели Џузепе Инцерило, адвокат од Палермо.

    Предлогот предизвика вознемиреност и во Брисел, кој порача дека со него би се декриминализирала важна форма на корупција. Ова кривично дело постои во 25 од 27-те членки на ЕУ.

    Според податоците на министерството за правда, 96% вакви случаи во Италија не завршуваат на суд, туку со затворање на истрагата против обвинетиот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира