ИТАЛИЈАНСКИОТ ПРЕМИЕР КОНТЕ ЌЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА И ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ФОРМИРА НОВА ВЛАДА

    ИТАЛИЈАНСКИОТ ПРЕМИЕР КОНТЕ ЌЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА И ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ФОРМИРА НОВА ВЛАДАВладата на Конте неодамна го изгуби мнозинството во Сенатот (Фото: Ројтерс)

    Италијанскиот премиер Џузепе Конте утре ќе поднесе оставка, со надеж дека ќе добие мандат од претседателот за составување на нова влада. Доколку не успее во тоа, тоа би можело да доведе до нови избори во Италија.

    „Конте утре наутро ќе ги информира своите министри дека намерава да поднесе оставка, по што ќе се види со претседателот Серџо Матарела“, соопштија од кабинетот на Конте, кој се соочи со критики за начинот на кој се справуваше со пандемијата на коронавирусот, која однесе 85.000 животи во Италија.

    Конте, кој е премиер од 2018 година, преживеа гласање за доверба во парламентот минатата недела, кое уследи откако од владата се повлече партијата на бившиот премиер Матео Ренци.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира