ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА БЕЗ ЈАСЕН ПОБЕДНИК, КОАЛИЦИИТЕ НА БОРИСОВ И ПЕТКОВ РЕЧИСИ ИЗРАМНЕТИ

    ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА БЕЗ ЈАСЕН ПОБЕДНИК, КОАЛИЦИИТЕ НА БОРИСОВ И ПЕТКОВ РЕЧИСИ ИЗРАМНЕТИПредизборните анкети покажуваа дека и по овие избори, Бугарија тешко ќе состави влада (Фото: АФП)

    Петтите парламентарни избори во Бугарија за период од две години не дадоа јасен победник, откако коалициите на бившите премиери Бојко Борисов и Кирил Петков остварија речиси идентичен резултат, велат излезните анкети на агенциите.

    Според нив, коалициите Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија и ГЕРБ-Унија на демократски сили освоиле по околу 25% гласови, додека Преродба и Движење за права и слободи се борат за третото место, откако двете партии освоиле по повеќе од 12% гласови.

    Изненадување приреди партијата Има таков народ, која исто така има шанси да влезе во парламентот.

    Предизборните анкети покажуваа дека и по овие избори, Бугарија нема да има функционално парламентарно мнозинство, а партиите тешко ќе состават влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира