ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ХАМАС, ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ВОЗДУШНИТЕ УДАРИ

    ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ХАМАС, ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ВОЗДУШНИТЕ УДАРИТензиите во регионот повторно пораснаа откако Доналд Трамп во средата го призна Ерусалим за нов главен град за Израел (Фото: АФП)

    Израел објави дека нападнал позиции што ѝ припаѓаат на милитантната група Хамас, како одмазда за нејзините ракетни удари.

    Две лица загинале, соопшти болницата во Газа, со што бројот на мртви во изминатите неколку дена се зголеми на четири.

    Тензиите помеѓу Израел и Палестина повторно пораснаа, откако Доналд Трамп во средата го призна Ерусалим за нов главен град за Израел, со што САД ја прекинаа неколкудецениската неутралност по ова прашање.

    Министерството за одбрана на Израел соопшти дека цел на нивните воздушни напади биле локации кадешто се произведува оружје, како и воени складишта и објекти. Во нападите има и 140 повредени.

    Три ракети беа испукани кон Израел од Газа во петокот, но само една експлодирала, при што немало жртви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира