ИЗРАЕЛ И ХАМАС СИ ЈА ПРЕФРЛУВААТ ВИНАТА ЗА СМРТТА НА БРЕМЕНА ЖЕНА И БЕБЕ ВО НАЈНОВИТЕ СУДИРИ ВО ГАЗА

    ИЗРАЕЛ И ХАМАС СИ ЈА ПРЕФРЛУВААТ ВИНАТА ЗА СМРТТА НА БРЕМЕНА ЖЕНА И БЕБЕ ВО НАЈНОВИТЕ СУДИРИ ВО ГАЗАВо најновите судири загинале најмалку пет цивили (Фото: Гети)

    Израел и Хамас си ја префрлуваат одговорноста за смртта на бремена жена и на нејзиното 14-месечно бебе, кои беа убиени во најопасната ескалација на конфликтот во појасот Газа во последните години.

    Палестинските милитанти испукаа повеќе од 430 ракети кон израелската територија од вчера и Израел кажа дека повеќето од нив биле пресретнати, но и потврди дека еден човек загина. Како одговор, Израелските одбранбени сили велат дека погодиле над 200 цели во појасот Газа за време на викендот, при што, како што објави Хамас, загинале четири лица.

    Портпаролот на армијата Џонатан Конрикус, повикувајќи се на разузнавачки извори, изјави дека мајката и бебето се убиени од ракета испукана од Хамас.

    „Ние сме стопроцентно сигурни дека не станува збор за оружје на израелската војска“, кажа тој

    Од друга страна, Министерството за здравство на Палестина тврди дека тие загинале во израелски воздушен напад во близина на нивната куќа.

    Новите судири почнаа во петокот за време на протестите во Газа, кога палестински напаѓач застрела и повреди двајца израелски војници, на што Израел возврати со воздушни напади. Ракетните напади од Газа почнаа вчера, при што биле погодени куќи во неколку израелски градови и села.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира