ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНСКИТЕ МИЛИТАНТИ ДОГОВОРИЈА ПРИМИРЈЕ, ХАМАС ВЕЛИ ДЕКА ТОА Е ПОРАЗ ЗА НЕТАНЈАХУ

    ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНСКИТЕ МИЛИТАНТИ ДОГОВОРИЈА ПРИМИРЈЕ, ХАМАС ВЕЛИ ДЕКА ТОА Е ПОРАЗ ЗА НЕТАНЈАХУОд почетокот на борбите на 10 мај загинаа 232 Палестинци и 12 луѓе во Израел (Фото: АП)

    Израел и Хамас договорија прекин на огнот, што ќе стапи на сила во еден часот по полноќ по македонско време, објавија палестински извори, што ги зголемува надежите за крај на 11-дневниот конфликт.

    Безбедносниот кабинет на Израел вечерва едногласно гласал за заемно и безусловно примирје во Газа, што било договорено со посредство на Египет, но точниот термин на почетокот допрва ќе се утврди. Ова следува само еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден побара од израелскиот премиер Нетанјаху да ја смири ситуацијата, а во преговорите се вклучиле и Египет, Катар и Обединетите нации.

    „Прекинот на огнот ќе биде заемен и истовремен“, соопшти официјален претставник на Хамас, додавајќи дека ова е победа за палестинскиот народ и пораз за Нетанјаху.

    Израел и палестинските милитантни групи денеска продолжија со меѓусебните бомбардирања по осумчасовната пауза. Од почетокот на борбите на 10 мај, загинаа 232 Палестинци, од кои 65 деца, како и 12 луѓе во Израел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира