ИЗРАЕЛ ТВРДИ ДЕКА УБИЛ ЗАПОВЕДНИК НА ХАМАС ВО НАПАДОТ НА БЕГАЛСКИ КАМП ВО ГАЗА, 11 ВОЈНИЦИ ЗАГИНАЛЕ ВО ЕДЕН ДЕН

    ИЗРАЕЛ ТВРДИ ДЕКА УБИЛ ЗАПОВЕДНИК НА ХАМАС ВО НАПАДОТ НА БЕГАЛСКИ КАМП ВО ГАЗА, 11 ВОЈНИЦИ ЗАГИНАЛЕ ВО ЕДЕН ДЕНВо нападот на бегалскиот камп Џабалија загинале најмалку 50 луѓе (Фото: АП)

    Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека од почетокот на војната со Хамас биле погодени 11.000 цели во Појасот Газа што им припаѓаат на „терористички организации“ и го потврдија смртоносниот напад на густо населениот бегалски камп Џабалија. Локалните власти кажаа дека загинале најмалку Палестинци, додека Израел тврди дека притоа убил висок заповедник на Хамас и предизвикал уривање на неговата подземна инфраструктура.

    Во нападот на Џабалија е убиен Ибрахим Бијари, кој имаше клучна улога во планирањето и извршувањето на нападот на 7 октомври. Во истиот тунелски комплекс загинале уште десетици борци на Хамас“, соопшти ИДФ.

    Израелската војска објави дека во вчерашните борби во Газа загинале и 11-мина војници, сите на возраст од 19 и 20 години, што се најголемите загуби за вооружените сили во еден ден откако почна војната. Најголем дел од нив загинале кога пешадиско оклопно возило било погодено со противтенковски проектил, објави Армиското радио.

    Ќе сторам сѐ за да го уништам Хамас целосно. Ова е војна за иднината на Израел, ништо помалку. Терористите на Хамас имаат две опции: да бидат убиени или да се предадат без услови“, изјави министерот за одбрана Јоав Галант.

    Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, негираше дека во нападнатиот камп имало високи заповедници на групата, додавајќи дека притоа загинале или биле ранети околу 400 цивили.

    Комуникациските и интернет услуги во Газа денеска повторно се целосно прекинати, објави тамошната најголема телекомуникациска компанија „Палтел“.

    Најголем дел од жителите на Газа се соочуваат се целосно губење на телекомуникациите“, објави „Палтел“ на Икс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира