ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА СЕ ПОДГОТВУВА ДА ВЛЕЗЕ ВО ГРАДОТ ГАЗА ОТКАКО ГО ПОДЕЛИ ПОЈАСОТ НА ДВА ДЕЛА

    ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА СЕ ПОДГОТВУВА ДА ВЛЕЗЕ ВО ГРАДОТ ГАЗА ОТКАКО ГО ПОДЕЛИ ПОЈАСОТ НА ДВА ДЕЛАИзраелската војска тврди дека го окружила градот Газа (Фото: АП)

    Откако ги одби повиците за примирје, Израел денеска ќе се најде под дополнителен дипломатски притисок да избегнува цивилни жртви додека го напаѓа Хамас во Газа. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кој вчера ненајавено се сретна со палестинските власти на Западен Брег, денеска ќе има состанок со турскиот министер за надворешни работи во Анкара.

    Во четиринеделните напади на Газа загинаа речиси 10.000 Палестинци, но израелскиот премиер Нетанјаху останува на својот тврд став дека не може да има примирје ако не се ослободат заложниците.

    Израелската војска тврди дека го окружила градот Газа и дека фактички го поделила појасот на два дела. Израелските медиуми велат дека трупите ќе влезат во градот Газа во следните 48 часа.

    Сега има Газа север и Газа југ. Нашата војска стигна до брегот и ја држи таа линија. Сепак, и натаму овозможуваме коридор преку кој цивилите од северот и од градот Газа можат да одат на југ“, изјави портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), Џонатан Конрикус.

    Израел објави дека зазел пункт на Хамас во Газа, кој се состоел од набљудувачки позиции, тренинг-центар и тунели.

    Во таа операција се елиминирани бројни терористи. Во изминатите 24 часа нашите борбени авиони нападнаа околу 450 цели во Газа“, додаде ИДФ.

    Од почетокот на копнената операција загинале 31 израелски војник.

    Централната команда на американската војска, која го покрива Блискиот Исток, соопшти дека во регионот е испратена нуклеарна подморница и вакво јавно откривање на нејзината позиција е сфатено како порака за Иран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира