ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА УШТЕ ОД 1970-ТИТЕ ИМАЛА ПЛАНОВИ ЗА НАПАДИ ВРЗ СИРИЈА, ОД ВРВОТ НА ПЛАНИНАТА ХЕРМОН ЌЕ ИМА НЕПРЕЧЕН ПОГЛЕД КОН ДАМАСК

    ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА УШТЕ ОД 1970-ТИТЕ ИМАЛА ПЛАНОВИ ЗА НАПАДИ ВРЗ СИРИЈА, ОД ВРВОТ НА ПЛАНИНАТА ХЕРМОН ЌЕ ИМА НЕПРЕЧЕН ПОГЛЕД КОН ДАМАСКИзраелските копнени сили преминале преку зоната на разграничувањето на Голанската Висорамнина и воспоставиле „стерилна одбранбена зона“ во јужна Сирија (Фото: ИДФ)

    Израелските одбранбени сили кажаа дека уништиле 70-80% од стратешките капацитети на сириската војска во стотици воздушни и поморски напади, кои почнаа веднаш откако бунтовниците го соборија режимот на Башар ал-Асад. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац потврди дека копнените сили преминале преку зоната на разграничувањето на Голанската Висорамнина и воспоставиле „стерилна одбранбена зона во јужна Сирија ослободена од оружје и терористички закани“.

    Израелската војска исто така зазеде позиции во Голан, вклучувајќи го врвот на планината Хермон, од каде што се отвора непречен поглед кон Дамаск.

    „Оваа територија гарантира стратешка контрола врз цела јужна Сирија, од каде што имаше непосредни закани кон Израел. Нема повисока гледна точка од сирискиот дел на Голан“, изјави Коби Михаел од израелскиот Институт за истражување на националната безбедност.

    Израелски коментатори велат дека она што се случи во првите 72 часа од падот на Асад ги изненадило и оние кои мислеле дека сѐ имаат видено.

    „Тоа не ја лиши сириската војска само од специфични способности, туку ја врати на почетната точка, без какви било значајни стратешки способности. Операцијата на ИДФ за уништување на воените капацитети на Сирија е најголемата што досега била преземена“, напиша Јоав Лимор во весникот „Израел Хајом“.

    Бивши офицери на израелските воздушни сили кажаа дека некои од нападите биле засновани врз планови направени пред многу години, а некои мети биле идентификувани од Израел уште во средината на 1970-тите. Сирија и Израел имаат водено три војни, во 1948, 1967 и во 1973 и формално меѓусебно се сметаа за непријателски држави. Под водство на Асад, Сирија стана значајна регионална воена сила.

    Официјални лица нагласуваат дека Израел дејствувал согласно своите национални безбедносни интереси по падот на Асад. Тие велат дека целта била да се спречи оружјето на режимот да падне во погрешни раце, без разлика дали се сириските екстремистички фракции или Хезболах.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира