ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ВРЗАЛА ПОВРЕДЕН ПАЛЕСТИНЕЦ ВРЗ ХАУБА НА ВОЕН ЏИП ВО ЏЕНИН

    ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ВРЗАЛА ПОВРЕДЕН ПАЛЕСТИНЕЦ ВРЗ ХАУБА НА ВОЕН ЏИП ВО ЏЕНИНПалестинецот бил повреден за време на рација, а кога семејството побарало брза помош, војската го зела, го врзала за хаубата и заминала со џипот. (Фото: Принтскрин од видео)

    Силите на израелската армија вчера врзаа ранет Палестинец на хаубата на воен џип за време на рација за апсење во од Израл окупираниот град Џенин на Западниот Брег. Видео кое кружи на социјалните мрежи и е потврдено од Ројтерс го покажува палестинскиот жител на Џенин, Муџахед Азми, на џипот што минува низ две амбулантни возила.

    Во соопштението на израелската војска се наведува дека врз израелските сили се пукало и бил разменет оган, при што е ранет еден осомничен и приведен. Војниците потоа го прекршиле воениот протокол, се вели во соопштението.

    „Осомничениот бил фатен од силите и бил врзан врз возило“, се вели во соопштението.

    Војската соопшти дека „однесувањето на силите на видеото од инцидентот не е во согласност со вредностите“ на израелската војска и дека инцидентот ќе биде истражен и разрешен. Лицето е префрлено кај медицинските лица на лекување, соопшти војската.
    Ројтерс успеа да ја совпадне локацијата од поткрепената и потврдена снимка споделена на социјалните мрежи на која се гледа возило кое превезува лице врзано врз возило во Џенин. Датумот го потврди очевидец со кого разговараше Ројтерс.

    Според семејството на Азми, имало рација за апсење, при што тој бил повреден за време на рацијата, а кога семејството побарало брза помош, војската го зеле Муџахед, го врзале на хаубата и тргнале.

    Насилството на Западниот Брег, веќе во пораст уште пред војната Израел-Хамас во Газа, оттогаш ескалира со чести армиски напади врз милитантни групи, дивеење на еврејските доселеници во палестинските села и смртоносни палестински улични напади.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира