ИЗРАЕЛСКИОТ ПРЕМИЕР НЕТАНЈАХУ ПОД ИСТРАГА ЗА КОРУПЦИЈА

    ИЗРАЕЛСКИОТ ПРЕМИЕР НЕТАНЈАХУ ПОД ИСТРАГА ЗА КОРУПЦИЈАНема намера да се повлече од функцијата. - Бенјамин Нетанјаху (Фото: АФП)

    Израелската полиција соопшти дека би можела да покрене истрага против премиерот Бенјамин Нетанјаху за случаи на корупција.

    Во соопштението се вели дека постојат доволно докази кои го товарат Нетанјаху за поткуп, измама и за прекршување на договор во два одделни случаи. Тој веќе бил испрашуван од полицијата во рамките на истрагата минатиот месец.

    Зборувајќи на јавна телевизија, Нетанјаху кажа дека обвинувањата се неосновани и дека ќе продолжи да работи како премиер.

    „Ова нема да заврши со ништо“, кажа тој.

    Во првиот случај, Нетанјаху побарал од издавачот на весникот „Једиот ахаронот“ позитивно да пишува за него, во замена за помош во преземањето на ривалски медиум.

    Второто обвинение датира од 2009 година и се однесува на подароците во вредност од 100.000 долари, што Нетанјаху ги добил од холивудскиот могул Арнон Милкан и од негови соработници. Според „Ерусалим пост“, меѓу подароците имало шампањско и скапи цигари, а за возврат, Нетанјаху требало да му помогне на Милкан да добие американска виза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира