Грција и Израел потпишаа договор според кој на израелските граѓани ќе им биде дозволен влез во Грција ако приложат доказ дека се вакцинирани против ковид-19, потег со кој Атина сака да му даде поттик на туризмот.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е меѓу европските лидери кои веќе некое време се залагаат за воведување стандардизирани сертификати за вакцинирање, кои би ги олесниле меѓународните патувања за време на летната туристичка сезона. Европската Унија засега се спротивставува на идејата за ковид пасоши.
„Сакаме да им го олесните патувањето на оние кои ќе приложат едноставен доказ дека се вакцинирани против ковид-19 и тоа е она што го правиме со Израел“, изјави Мицотакис на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Нетанјаху.
Грчкиот туризам беше тешко погоден од пандемијата, па ланските приходи изнесуваа само четири милијарди евра, наспроти 18 милијарди во 2019.
Мицотакис изрази надеж дека договорот со Израел ќе води кон слични договори со други земји.